Powered By Blogger

17. 11. 2012.

Главевски за нов почеток на пелистерци

По 45 дена без победа, фудбалерите на Пелистер го совладаа Работнички, благодарение на голгетерот Благојче Главевски
Пелистер - Работнички 1:0 (1:0)

Стадион: Тумбе кафе „Битола„ Гледачи: 700
Главен судија: Марјан Марковски (Охрид)
Асистенти: Кирил Негриски и Симон Грданоски(Струга)
Стрелец: Главевски во 6 минута за Пелистер

Пелистер:
Коруновски , Китановски, Т.Магловски, Т.Вељановски, С.Магловски, Лазаревски, А.Вељановски, Ристевски, Главевски, Д. Димитровски

Работнички:
Манчевски, Брдаровски, Најдоски, Ступиќ, Тодоровски, Исени, Плазибад, Петровиќ, Спировски, В.Димитровски, Глигоров

Играч на натпреварот: Благојче Главевски (Пелистер)

Фудбалерите на Пелистер беа свесни дека мечот со Работнички  е еден од оние во кои играта и начинот не се толку важни како победата. Долгиот пост од скоро два месеци без победа во официјален меч, ги принуди избраниците на Миле Димов под голем притисок да го почнат мечот. Но кога брзо ќе се постигне гол, многу работи подоцна се полесни. Така се играше 6 минута кога Главевски искористи едно невнимание на одбраната на дебаарлмалци и од втор план се придодаде за со бомба да го постигне голот за водство на зелените. Тоа водство ги смири битолчани, ги направи псоигурни во играта и во однесувањето на теренот. Исто така младата екипа на Работнички со новиот тренер Жикица Тасевски, чекаше свои можности од контранапади и со брза игра по страничните позиции.  Раното водство како да ги збуни и гостите кои со многу мака создадоа две шанси преку Генц Исени, но неговиот удари во финишот од првиот дел и во 90-тата минута Коруновски успеа да ги одбрани, односно топката да заврши над голот во вториот обид со глава. Средбата ја следеа околу 700 гледачи. Во централната фаза од мечот Пелистер прокоцка уште две големи шанси да постигне гол. Главевски и Китановски може да погодат за дефинитвно одлепување на пелистерци, но им недостигаше смиреност при завршницата на акциите. Работнички премногу „срамежлив„ за да остане непоразен под Тумбе кафе. Првиот дел комплетно им припадна на избраниците на Миле Димов.
                Ова е четврта победа во сезоната за Пелистер и четврта на домашен терен. Добра вест пред реванш мечот од четвртфиналето на Купот со Вардар и гостувањето во Кичево кај Напредок наредната недела од 13 часот.  

Нема коментара:

Постави коментар