Powered By Blogger

11. 11. 2012.

Пелистерци застанаа на крајот

ВО МЕЧ ВО КОЈ ИМАА МНОГУ ШАНСИ ЗА ПОБЕДА, КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ПОДКЛЕКНАА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 3-4 МИНУТИ
 Вардар - Пелистер 67:64 (18:18, 14:12, 14:20, 21:14)

Во натпреварот во кој пелистерци полагаа најмногу надежи, загубија добиен натпревар и драстично ги намалија шансите за опстанок во најсилната македонска лига. Захариевски и капитенот Петковски добро го отворија мечот и во првите 10 минути се играше израмнето.
Двете екипи неколку пати го изменија водството, а Ивановиќ и Давитков добро почнаа за Вардар. Кога Мукаетов погоди за 25:26, од тој момент до одморот црвено-црните постојано имаа 2-3 поени предност. Петровски и Костески со поени од рекетот пред одморот го доведоа Вардар до 30:28, па и до 32:30. Третата четвртина беше најпозитивниот период на избраниците на Печалов. Талевски, Петковски и Марјановиќ направија серија 0:7 за гостите, профункционира и одбраната на битолчани и со тројката на капитенот во пресрет на последните 10 минути, Пелистер имаше 46:50. Психолошката предност беше кај зелените и преку Даниел Захариевски во 34 минута, Пелистер имаше 52:56. Но притисокот на домашната публика и од кошаркарите на Вардар, ги доведоа и судиите да донесат неколку полемични одлуки, за победа на Вардар. При 62:62 Ивановиќ погоди тројка, Костески реализира слободни фрлања за највисоки 67:62. До крајот само на 4 секунди пред крајот, центарот на гостите Захариевски ублажи на -3. Во победничката екипа Керкез со 17 и Ивановиќ со 13 поени доминираа, а кај Пелистер Даниел Захариевски постигна 16, а Зоран Петковски 13 поени. Штета за пропуштената шанса, а пелистерци можност за поправен имаат во наредните неколку кола, кога против себе имаат покомотни противници. Но еден од тие не е наредниот, екипата на Работнички која в сабота ќе биде вториот гостин во спротската сала Младост оваа сезона. 

Нема коментара:

Постави коментар