ВИТЕШКИ ТЕЖОК НАТПРЕВАР ПО ТЕШКИ УСЛОВИ ВО
БИТОЛА, СО ПЕТТА ПОБЕДА ВО СЕЗОНАТА ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ
Врнежливото време и силниот ветер беа главен противник на Пелистер и Тетекс во виталниот директен дуел за опстанок. Со приоритет дека мора да се победи и едните и другите чувствуваа дека бодовите се премногу важни за било каков фудбалски спектакл под Тумбе кафе. Зелените прв пат оваа есен мораа без Благојче Главевски, а заради казна не беше во тимот и Стефан Магловски. Во 4 минута првата закана ја имаа домаќините, кога Павлов шутираше од 20 метри по земја, а Силјановски исфрли во корнер. Но тоа беше само опомена за гостите. Се играше 11 минута, кога Китановски убаво центрираше од десната страна, топката ги прелета сите и на втора статива Благојче Марковски ја втурна топката во празната мрежа. Но од првата организирана акција на тетовчани, Ѓуровиќ мина по левата страна, убаво врати во средината, на таа топка натрча капитенот на Тетекс, Мирослав Јовановски и ја „закова„ топката во празната мрежа. Пелистерци веднаш реагираа и две минути подоцна по вториот корнер за екипата на Димов, настана голема гужва пред Силјановски која не ја искористија домаќините, бидејќи Драгарски и Томе Китановски не успеаа по тешкиот терен да упатат опасен удар по Силјановски. Гостите во 35 минута се заканија преку Иван Настевски, кој изведе слободен удар, но биеше преку голот од изгледна позиција. Истиот фудбалер две минути подоцна се обиде уште од подалеку од преку 35 метри, но Коруновски беше внимателен на голот.
Пелистер - Тетекс 2:1 (1:1)
Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола.
Гледачи: 300
Главен судија: Марјан Ецкоски (Охрид)
Асистенти: Кирил Негриески и Симон Грданоски
(Струга)
Делегат: Јован Магдески (Прилеп)
Стрелци: Б. Марковски во 11 и Т. Вељановски во
70 минута за Пелистер, а Јовановски во 20 минута за Тетекс
Жолти картони: Лескароски, Китановски
(Пелистер), Бејтулаи (Тетекс)
Црвени картони: нема
Врнежливото време и силниот ветер беа главен противник на Пелистер и Тетекс во виталниот директен дуел за опстанок. Со приоритет дека мора да се победи и едните и другите чувствуваа дека бодовите се премногу важни за било каков фудбалски спектакл под Тумбе кафе. Зелените прв пат оваа есен мораа без Благојче Главевски, а заради казна не беше во тимот и Стефан Магловски. Во 4 минута првата закана ја имаа домаќините, кога Павлов шутираше од 20 метри по земја, а Силјановски исфрли во корнер. Но тоа беше само опомена за гостите. Се играше 11 минута, кога Китановски убаво центрираше од десната страна, топката ги прелета сите и на втора статива Благојче Марковски ја втурна топката во празната мрежа. Но од првата организирана акција на тетовчани, Ѓуровиќ мина по левата страна, убаво врати во средината, на таа топка натрча капитенот на Тетекс, Мирослав Јовановски и ја „закова„ топката во празната мрежа. Пелистерци веднаш реагираа и две минути подоцна по вториот корнер за екипата на Димов, настана голема гужва пред Силјановски која не ја искористија домаќините, бидејќи Драгарски и Томе Китановски не успеаа по тешкиот терен да упатат опасен удар по Силјановски. Гостите во 35 минута се заканија преку Иван Настевски, кој изведе слободен удар, но биеше преку голот од изгледна позиција. Истиот фудбалер две минути подоцна се обиде уште од подалеку од преку 35 метри, но Коруновски беше внимателен на голот.
Вториот
дел започна поагресивно и на тешкиот терен двете екипи мака мачеа да
искомбинираат добра акција. Така заради прегруби прекршоци, Лескароски во
Пелистер и Бејтуали кај Тетекс пожолтеа во првите 10 минути од вториот дел.
Првата мешаница во вториот дел се случи пред голот на Силјановски во 59 минута,
но гостинскиот голман се снајде пред Димитровски и стрелецот Марковски. По
точно еден час игра две големи шанси во една акција имаа зелените. Најнапред
ударот на Марковски беше изблокиран од Трајчевски, а во продолжението на
акцијата Тони Вељановски од неколку метри го префрли голот. По 68 минути игра
пак по прекин малку бројните љубители на фудбалот видоа возбудување. По гужвата
пред голот на Силјановски, топката стигна до Мустафов кој веднаш биеше, но
Трајчевски со лизгачки старт расчисти. Сепак по деветтиот корнер за пелистерци,
изведен од Лазаревски, топката стигна до Тони Вељановски кој одсечно шутираше
по земја и ја погоди целта. Само две минути пред да биде заменет со Миленковски
заради повреда, искусниот дефанзивец го постигна првиот гол за Пелистер. Домаќините
го смирија ритамот на средбата и искусно го чуваа минималното водство. Митревски
од слободен удар во 82 минута ја имаше најзрелата шанса за гостите.
Дефанзивецот го префрли живиот зид, но и голот на добро поставениот Пеце
Коруновски.
Двете
екипи одиграа борбен натпревар по многу тежок терен и студено време. Пелистер
издвојува многу важна победа во борбата за опстанок, но и Тетекс потврди дека е
квалитетна екипа, која не го кажала последниот збор во тековниот шампионат.
Од тренерски агол:
Миле Димов
(тренер на Пелистер)
Двете екипи
одиграа одличен меч по многу тешки услови за игра. Честитки за двете екипи за
прикажаното и посебно до моите фудбалери кои мислам дека ја заслужија победата.
Бевме поснаодливи во централната фаза од вториот дел и тоа го одлучи
победникот. Но и Тетекс се претстави во одлично издание и имаа неколку шанси за
гол.
Џони Тодоровски
(тренер на Тетекс)
Борбен
натпревар од двете страни. Ние можеме да жалиме за пропуштената шанса и да
протестираме за судењето на Марјан Ецкоски. Мислам дека имаше еден чист пенал
кој судијата не го досуди во полза на нашата екипа.
Деби во Првата
лига за Мустафов на домашен терен
Големиот талент од школата на
Пелистер, Бурхан Мустафов дебитираше во официјален натпревар за Пелистер во Битола во
најсилната категорија. Влезе на местото на Павлов во 19 минута од второто
полувреме и одигра солиден натпревар за пелистерци. Пред неполн месец одигра половина час на мечот во Тетиви кој Пелистер го загуби од Шкендија со 3:1.Тој е веќе член на
селекцијата под 19 години и еден од највлијателните фудбалери во младинската
екипа на Пелистер.
Тетекс неколку пати бараше пенал
Во
три ситуации секогаш при 1:1 фудбаерите на Тетекс бараа најстрога казна заради
прекршоци во казнениот простор на Пелистер. Сепак охридскиот судија Ецкоски во
сите три ситуации беше на само 5 метри од дуелите и не покажа на белата точка.
По мечот стручниот штаб на Тетекс протестираше кај делителите на правдата.
Нема коментара:
Постави коментар