ПОБЕДАТА НАД РАБОТНИЧКИ ГИ ОСОКОЛИ ПЕЛИСТЕРЦИ ДА ТРГНАТ ПО
СЕНЗАЦИЈА ВО КУПОТ ПРОТИВ ВАРДАР
Минатиот
викенд по скоро два месеци донесе насмевки на лицата на фудбалерите на
Пелистер. Можеби играле и подобро на некои средби кои ги загубија, но во
саботата против Работнички забележаа витална четврта победа во сезоната и
побегнаа од предпоследно пласираниот Силекс.
Тој меч избраниците на Миле Димов брзо го оставија зад себе, бидејќи веќе утре доаѓа возвратниот меч од четвртфиналето на Купот со Вардар. Без разлика што на првата средба, црвено-црните славеа во Битола, пелистерци не патуваат со бело знаме во главниот град. Иако ќе биде потребен подвиг за полуфинале, битолчани се свесни дека оваа сезона веќе два пати загубија во израмнети натпревари со Вардар, па веруваат дека и ним ќе им се насмевне среќата. По казната од пет меча неиграње, во екипата се враќа дефанзивецот Христијан Драгарски, а стручниот штаб најавува уште некоја замена од тимот кој играше во саботата со дебармаалци.

„Ние
нема што да загубиме. Одиме да се обидеме да направиме подвиг. Во голем дел и
од првенствената средба во Скопје и пред се во второто полувреме во куп мечот
во Битола, потврдивме дека можеме да играме рамноправно со Вардар. Во вакви
натпревари не е важна позицијата на табелата, ниту резултатот од првиот
натпревар. Едноставно треба да бидеме организирани и да ја чекаме нашата шанса.
Убеден сум дека ќе ја добиеме и дека имаме реални шанси за изненадување„ ни
рече младинскиот репрезентативец Томе Китановски.
Овој
Куп меч како и дуелите со Напредок, Тетекс и Ренова ќе го одредат цел есенски
дел на битолчани, кои одиграа многу одлични натпревари и но многу пати
потфрлија. Тој недостиг на континуитет беше главен проблем за зелените оваа
есен. Затоа често не може да се заземе цврст став за квалитетот на екипата од
под Тумбе кафе, во сезоната која се ближи кон крај на првиот дел.
Нема коментара:
Постави коментар