ПО УСПЕШНАТА 2012 ЖФК ТОП-ГОЛ ВЕЌЕ ЈА ПЛАНИРА НОВАТА ГОДИНА
И ПРОЛЕТНИТЕ АКТИВНОСТИ
Mинатиот викенд во организација на Фудбалската федерација на
Македонија и претставниците на
фудбалските прволигаши се одржа состанок на кој беше усвоен календарот
за натпреварување во наредната полусезона, ждребката за националниот
фудбалски Куп за жени и
усвојување на програмата за националните селекции.
„Новата полусезона стартува на 3 март, а ако временските услови се лоши, тогаш стартот ќе се помести една недела подоцна, односно додека не се создадат услови за игра. За разлика од минатата сезона каде во календарот имаше натпревари кои се играа во среда, во наредната полусезона сите натпревари ќе се играат во викенд и ќе имаме доволно време за корекции или усовршување на техниката и тактиката помеѓу два натпревари„ вели тренерот на Топ-гол, Кире Грбевски. По полудиригирата ждрепка за Националниот куп, Топ-гол игра во гости со победникот од дуелот помеѓу екипите на Оризари и Борец еден викенд пред стартот на првенството. „Не го кријам задоволството од ждрепката, бидејќи ова се екипи со кои можеме да оствариме победа. Наредната пролет збиена агенда имаат и националните селекции У16,У17 и У19. Ова за нас е мотив повеќе за работа бидејќи, Топ-гол има силна младинска школа и голем број младински репрезентативки„ додаде Грбевски. „Со Топ гол продолжуваме со работа, но со намален интензитет. Имаме покана за учество на божикен турнир во мал фудбал и затоа мораме да се одржуваме во форма. Распоредот за активности во наредниот период е во фаза на изработка и до крајот на неделата ќе им го соопштиме на фудбалерките,„ни изјави Грбевски.

Нема коментара:
Постави коментар