Powered By Blogger

30. 11. 2013.

Втор пат совладано Единство, време е за градско дерби

И ВО ПРВЕНСТВОТО И ВО КУПОТ „КОНЗУЛКИТЕ„ ПОДОБРИ ОД ЕДИНСТВО
За само четири дена екипата на ЖФК Конзули по втор пат ја совлада екипата на ЖФК Единство Скопје и тоа идентично со по пет гола во противничката мрежа. На тешкиот и снежен терен во Новаци, конзулките го одиграа можеби најдобриот натпревар оваа есен и со 5:0 заслужено славеа пласман во полуфиналето на Купот на Македонија, каде ги очекува двобој со екипата Победа од Прилеп. 
Четири гола постигна Скерлевска и еден Тргачевска. Но, мора да се оддаде признание на целата екипа за борбеноста и залагањето на тешкиот терен. Следниот натпревар е в недела и тоа прво градско прволигашко дерби во Битола помеѓу ЖФК Конзули и ЖФК Топ Гол.

Нема коментара:

Постави коментар