Powered By Blogger

21. 11. 2013.

Прва радост за пелистерци во осмиот меч

ВО ПРВИОТ МЕЧ ОД ОСМОТО КОЛО, ПЕЛИСТЕР КОНЕЧНО СЕ ИЗРАДУВА НА ПРВАТА ПОБЕДА ОД МАЈ ОВАА ГОДИНА
Maкедонија младинци - Пелистер 62:71 (14:23, 17:16, 19:14, 12:18)

Во интересен натпревар во кој двете екипи имаа свои шанси да стигнат до победата, Пелистер Спорт беше поуспешен од селекцијата на млади кошаркари, победувајќи со 71:62. Со овој натпревар се отвори осмото прволигашко коло, а останатите натпревари се играат во петок и сабота.
Без Александар Калањ настапи Пелистер Спорт на овој натпревар, но отсуства поради повреди имаше и во составот на Марјан Лазовски, па по изедначените први неколку минути од натпреварот, со двете тројки во низа на Петар Апцев, битолчани први стигнаа до поопиплива предност од 9 поени (23:14). Филип Бакоч беше највпечатлив во тимот на Македонија Млади во тој период од играта, за во втората четвртина, по поените на Вукасовиќ, Пелистер за прв пат да поведе и со двоцифрена разлика. Пред крајот на полувремето, Мекиќ, Булатовиќ и Нацевски постигнаа поени во низа за домашниот тим за намалување на 34:28, но следуваа неколку грешки кои Пелистер ги искористи и на полувреме замина со предност од 39:31. Во третата четвртина, разликата постојано се движеше околу 10 поени, за сепак, со намалување на бројот на загубени топки и со петтата лична грешка на Штурановиќ, Македонија Млади да се врати и да намали на 53:50, резултат со кој се влезе во последните 10 минути. А таму, уште на самиот почеток, домашните кошаркари повторно направија неколку грешки во серија, па Пелистер предводен од Вукасовиќ, Апцев и Симеуновиќ уште еднаш се одлепи на двоцифрена разлика, која овој пат ја задржа за победа од 71:62. Апцев со 18 поени и 9 скокови беше најдобар поединец кај Пелистер Спорт, а впечатлив натпревар одиграа и Вукасовиќ и Симеуновиќ. Во тимот на Македонија Млади, Бакоч оствари добар статистички учинок од 16 поени и 7 скокови, како единствен со двоцифрен број на поени.

Нема коментара:

Постави коментар