Powered By Blogger

8. 11. 2013.

Брегалница, одговор на вредностите на Пелистер под Тумбе кафе

ПО ДВА ДОМАШНИ ПОРАЗИ, ЗЕЛЕНИТЕ ИМААТ ОДГОВОРНОСТ КОН БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА ДА ПОКАЖАТ ПОВЕЌЕ И ДА ОДПОЧНАТ ДА ПОБЕДУВААТ
Мечот со Брегалница в недела е нов испит на зрелоста на Пелистер, кој со со овој дуел ја заокружува централната фаза на есенскиот дел од шампионатот, во која не блескаше. Со штипските плави последен пат, битолчани се радувале во октомври минатата година кога со голот на Благојче Главевски славеа со 1:0, но подоцна загубија со 1:0 во Штип и одиграа 0:0 под Тумбе кафе.
Поразот оваа сезона со 3:0 под Исарот е еден од двата меча во кои пелистерци беа апсолутно надиграни оваа полусезона. Вториот таков меч е од 13 коло со Ренова под Тумбе кафе (0:4) Младиот Петар Љамчевски верува во квалитетот на својата екипа и свесен е за важноста на натпреварот: „Бодовите се од одлучувачка важност. Ако славиме повторно сме компактно во групата на водечките екипи, што и ни е цел оваа есен. Мислам дека нијанси ќе решаваат во дуел со една од технички најподготвените екипи во лигата. Брегалница ни остави силен впечаток во Штип, но по поразите од Вардар и Ренова во Битола, имаме одговорност кон нашите навивачи, да им се вратиме на победите на нашиот терен„ заклучи фудбалерот од средниот ред на битолчани. Во тој дел од теренот бугаринот Љубен Љубенов се наметнува и веројатно повторно ќе биде стартер во организацијата на играта. Враќањата на Елмазовски и Николај Христов исто така треба да му дадат стабилност на тимот на Бочевски. Во Битола се очекува нова голема посета на трибините во обидот Пелистер да поврзе континуитет на резултатите во државниот шампионат. 

Нема коментара:

Постави коментар