Powered By Blogger

19. 11. 2013.

Тренерска рокада во Пелистер


НЕОЧЕКУВАНА ТРЕНЕРСКА ЗАМЕНА ВО БИТОЛСКИОТ РАКОМЕТЕН СУПЕРЛИГАШ
По доаѓањето на новиот управен одбор, кој деновиве треба и официјално на прес-конференција да го претстави планот за работа, донесена е првата одговорна функција во новиот Пелистер. Следеше тренерска рокада, која носи мали, но така големи промени во стручниот штаб.
Искусниот Ристо Костадиновски, кој пред неколку месеци беше именуван за координатор на стручниот штаб е новиот тренер, а негови помошници ќе бидат Кире Поповски и Игор Николовски. Костадиновски своевремено беше тренер на Пелистер и Јафа Промет, но во последните десетина години беше надвор од ракометниот спорт. Од клубот потврдуваат дека тоа е решение до крајот на сезоната, иако остануваат само уште неколку мечеви до крајот на есенскиот дел, а потоа ќе следи подолга пауза, која ќе донесе промени во сите линии на клубот. Костадиновски го водеше тимот против Тинекс Пролет, а во наредното коло истото ќе го стори против Охрид. Игор Николовски останува да го води и младинскиот тим на Пелистер, кој е државен првак во својата возрасна категорија.  

Нема коментара:

Постави коментар