Powered By Blogger

1. 11. 2013.

Нова криза или подвиг на пелистерци на „Кукуш„?

ПО СЕРИЈА НА ЛОШИ РЕЗУЛТАТИ, ПЕЛИСТЕР ПРОТИВ НАЈТЕШКИОТ МОЖЕН ПРОТИВНИК ЌЕ БРКА ПОДВИГ

Прежален и десеткуван, битолски Пелистер му гостува на Хоризонт Турново со кого на последните четири натпревари, исто толку пати играше нерешено. Но на последните четири средби, откако застанаа на врвот по победата над Работнички, битолчани освоија само 2 од можните 12 бода и паднаа на седмото место на табелата со шест бода зад лидерот.
Екипата на Бочевски по начинот на кој загуби во средата од Ренова, веројатно и ментално е далеку од оптималната форма. Што се однесува до играчкиот кадар, тимот на Пелистер на „Кукуш„ патува без повредениот Ковачев и казнетите Китановски и Николај Христов. Посебно одбранбениот ред е хендикепиран и на две од четири позици најверојатно ќе играат фудбалери кои не се специјализирани за таа позиција. Меѓу Миленковски, Ивановиќ и Мојсов ќе се бара замената за Китановски на лев бек, а во делот пред одбраната место бугаринот Христов своја шанса чекаат Велевски и Љамчевски. Сепак секој меч е посебна приказна и зелените однапред не се предаваат „Мора што побрзо да го заборавиме мечот во средата. Влеговме во црн период и потребна ни е една победа да излеземе од кризата и да се вратиме во самиот врв на табелата. Едно е сигурно дека не можеме да одиграме толку лошо како што игравме во средата„ ни рече Стенио Жуниор, кој се наоѓа на удар заради неконтинуираните настапи за својот клуб, како и уште неколку фудбалери. Минатата сезона Пелистер одигра 2:2 во Турново, во полемичен меч во кој два пати водеше, а подоцна имаше сериозни замерки за арбитражата на Ставрев. Полемиките продолжија и во мечот од 3 коло оваа сезона, кога во Битола двете екипи одиграа без голови, а Пелистер заради црвените картони доделени од Мечкаровски на Драгарски и Китановски остана со двајца фудбалери помалку.

Нема коментара:

Постави коментар