Powered By Blogger

7. 11. 2013.

Спортистите во редот за дарување на крв

УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ЗА ХУМАНОСТА НА ВРВНИТЕ БИТОЛСКИ СПОРТИСТИ
Денес во малата спортска сала „Младост„ беше организирана акција на одделението за спорт на општина Битола, општинската организација на Црвениот крст од Битола и заводот за транфузиологија. Во редот за давање на крв се најдоа Митко Стојковски, Тони Мицевски, Неџат Хусеин, Игор Николовски, Гордана Бошевска Цветковска, Кире Грбевски, професори по физичко образование и други.
На некои ова им беше прво дарување што е за поздравување, а во акцијата се приклучија и врабитени во локалната самоуправа и други граѓани. Акција е договорено да биде традиционална, а наредната ќе биде во месец април. „Сите треба да бидат хумани и сите здрави луѓе треба да даруваат крв, а посебно спортистите, бидејќи тие се здрави луѓе кои се во одлична кондиција и за нив тоа не би требало за биде никаков проблем„ е пораката која ја упати мотоктосистот Борче Костов, на кој ова му беше 55 по ред пат дарување на крв.

Нема коментара:

Постави коментар