Powered By Blogger

24. 11. 2013.

Блесок на Илиевски на новата патека во Лагово

БИТОЛСКИОТ МОТО ФЕНОМЕН БЛЕСКАШЕ НА ПРВАТА МОТОКРОС ТРКА НА ПАТЕКАТА КРАЈ ПРИЛЕП
На промоцијата на новата патека за мотокрос натпревари во Прилеп, кај Лагово, учествуваа и битолските мотокросисти, кои во полна сила се појавија на поканата на нивните нови колеги. Христијан Илиевски од Мотоклубот Пелистер беше најдобар во класата на МХ1, а додека од ЛТД во МХ2 Никола Гулевски беше четврт, а Мими Бајовски во истата класа беше петтопласиран. Во МХ3 настапија од ЛТД Мирче Ќорнаков кој го освои второто место и Борче Костов кој го освои третото место, а без пласман останаа браќата Денко и Андријан Минчевски
„Освен Христијан Илиевски реално не можевме да им се спротивставиме на бугарските возачи кои се далеку пред нас, но пласманите на нашите возачи се одлични во однос на домашните возачи„ велат од ЛТД. Патеката во Лагово е направена од Општината Прилеп и е по сите стандарди на европската мото федерација, со одлична патека и придружни објекти.

Нема коментара:

Постави коментар