Powered By Blogger

10. 11. 2013.

Пелистер поснаодлив и посреќен во израмнетиот дуел

ВО НАТПРЕВАР СО МАЛКУ КВАЛИТЕТ И МНОГУ ГРЕШКИ, ПЕЛИСТЕР СНАОДЛИВО СТИГНА ДО ВАЖНИ ТРИ БОДА
Прва фудбалска лига - 15 коло
Пелистер - Брегалница 1:0 (1:0)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 2000
Главен судија: Јосип Бартон
Асистенти: Иса Емрулаи и Небојша Георгиевски (сите од Тетово)
Делегат: Тони Шалев (Кавадарци)
Стрелец: Елмазовски во 44 минута за Пелистер
Жолти картони: Христов, Елмазовски, Драгарски, Љамчевски (Пелистер), И. Стојанов (Брегалница)
Црвени картони: И. Стојанов во 71 минута за Брегалница и Христов во 74 минута за Пелистер

Пелистер:
Пашовски, Брдаровски, Мојсов, Драгарски, Миленковски, Христов, Анастасов, Елмазовски, Љубенов (од 76м. Љамчевски ), Стенио Жуниор (од 90м. Трајковски), Алтипармаковски (од 89м. Георгиев)


Брегалница:
Колев, Андонов (од 55м. Д. Стојанов), Здравков, Наумов, Аксентиев (од 75м. Илиев), Блажески, Велковски, Глигоров, И. Стојанов, Ступиќ, Шопов


Играч на натпреварот:
Александар Анастасов (Пелистер)
            Мечот со Брегалница, зелените го почнаа мотивирано, но раната фаза во мечот не донесе директни закани, туку двете екипи најопасни беа по корнерите. Гостите преку Шопов во 5 минута беа најблиску до водство,но гостинскиот фудбалер беше неснаодлив пред Пашовски. Без доза на ризик двете екипи играа претпазливо, со многу технички грешки и без интервенции на голманите. Пелистер најопасно се закани во 29 минута, кога Елмазовски пласираше од 25 метри, но Љупчо Колев се испружи и со парада ја исфрли топката во корнер. Пет минути подоцна и Љубомир Љубенов се обиде од слободен удар од голема далечина, но пак Колев беше сигурен. Инвидуалниот потег на Горан Здравков во 38 минута исто така можеше да го отвори резултатот, но Пашовски беше „буден„ на домашниот гол. И во „мртвиот натпревар„ во 44 минута, Илир Елмазовски центрираше од десната страна, упатената топка во петерецот ја зафати Томислав Блажески, го смени правецот на движењето и го измами Колев. Пелистерци поведоа во за нив најпогоден момент, слично како против Шкендија пред 50 дена. За разлика од првото полувреме, битолчани многу помотивирани го почнаа продолжението, со висок пресинг брзо да ја одземат топката и да постигнат гол за одлука на победникот. Долго топката јалово ја имаа домаќините, но првата закана дојде од Здравков и неговиот централен шут во 65 минута, но Горан Пашовски сигурно интервенираше. Во централната фаза од вториот дел, откако најнапред Елмазовски и Игорче Стојанов заработија обостран жолт картон заради прежестоки реакции, само минута подоцна штипјани останаа со човек помалку. Искусниот дефанзивец Игорче Стојанов го сруши Стенио Жуниор лансиран во контранапад и тетовскиот судија Бартон му покажа втор жолт картон и пат кон соблекувалната. Но три минути подоцна Бартон го исклучи и Николај Христов, кој протестираше на една судиска одлука и брзо силите на теренот пак беа израмнети. Штипјани реагираа и само што влезе Лазар Илиев, имаше голема шанса за израмнување, но среќата не ги посака плаво-белите во 77 минута и топката место во мрежата заврши за малку крај дирекот. На десет минути до крајот голема шанса имаше и Алтипармаковски по центрашутот на Елмазовски, но Колев добро се постави и одби во поле. Како мечот само да започна па двете екипи редеа зрели шанси за гол. Најнапред по центаршутот на Глигоров, за малку задоцни Ступиќ, а потоа Велковски од тешка позиција од десната страна извонредно биеше, но Пашовски со врвот на прстите ја одби топката во корнер. Последните 10 минути од регуларниот дел и 5 минути од надополнувањето беа конфузни, полни со реакции и без закани кон двата гола. Гостите во 94 минута имаа гужва пред Пашовски, која заврши со удар со глава на Дарко Стојанов, но неговиот удар заврши крај десната домашна статива. Пелистер во израмнет меч слави многу важна победа и прв пат по првите две кола, поврза две победи во шампионатот.                

Нема коментара:

Постави коментар