Powered By Blogger

9. 11. 2013.

Победата чиста формалност за пелистерци

ВО МЕЧ СО ОДНАПРЕД ПОЗНАТ ИСХОД, ПЕЛИСТЕР ПРОКНИЖИ ПРЕДВИДЕНИ БОДОВИ СО ОВЧЕ ПОЛЕ
Пелистер - Овче Поле 29:17 (15:8)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 500
Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов (Скопје)
Делегат: Камер Металари
Пелистер:
Нкуингуа, Х. Талевски, Игнов, Дрогришки 2, Блажевски 10, Димитровски 6, Чурлевски 1, Илиевски 3, Босеовски 1, Димитриески 1, Вешовски 2, Георгиевски 2, Нечков, Н. Ивановски 1, Печенковски, Божиновски

Седмерци: 0/0
Исклучувања: 4  минути

Овче Поле:
Бетувски, Наумов 2, Ѓорчев 2, Зафировски 1, Милковски, Панев 6, Јордев 1, Паунков, Јосифов 5, Митрушевски

Седмерци: 3/1
Исклучувања: 2 минути


                Во натпревар за заборав со два нерамноправни противници, Пелистер полесно од предвиденото го скрши отпорот на гостите од Свети Николе. Избраниицте на Поповски и Николовски, започнаа агресивно во одбрана и со одличен учинок во нападот. Со многу голови од контранапади и со брза транзиција, веќе во 12 минута беше 12:3 за пелистерци. Кога натпреварот веќе им се излизга од раце, гостите од Свети Николе се консолидираа и преку Панев и Јосифов до одморот дојдод до поднослив дефицит (15:8) Домашната клупа им даде доверба на скоро сите ракометари, а посебно мотивиран беше Блажевски, кој постигна 10 гола, од кои 6 во првото полувреме. Во централната фаза од второто полувреме, Дрогришки и Георгиевски со по два гола ја надминаа разликата од 10 гола и во 49 минута, Пелистер поведе со двоцифрен број на голови (23:12). Само симболика во последните 10 минути, испреплетени со грешки од двете страни и победа на Пелистер за враќање на самодовербата по поразот во Куманово, а пред директната пресметка со Тинекс Пролет во наредното коло.

Нема коментара:

Постави коментар