Powered By Blogger

26. 11. 2013.

Мечот со Гостивар како меч-топка за пелистерци


САМО СО ПРИСТАП И ДИСЦИПЛИНА КАКО ВО ТУРНОВО И АВТОКОМАНДА, ПЕЛИСТЕР МОЖЕ ДА СЕ РАДУВА И ПРОТИВ ГОСТИВАР
Вонредното 17 коло е идеална шанса битолски Пелистер да го продолжи континуитетот на победи, откако три кола слави и се искачи на делба на првото место на табелата. Но во текот на сезоната и во минатите се покажа дека зелените имаат сериозни проблеми кога играат со екипи од таканаречениот долен дом, па бордот на директори и пред се стручниот штаб максимално сериозно му приоѓаат на мечот со Гостивар.
Тие поучени од првиот натпревар, како и гостувањата кај Македонија Ѓ.П. и Еуромилк, знаат дека фаворитската улога сама по себе не носи победа. Десниот бек Владица Брдаровски чувствува дека ова се „петте минути „ на Пелистер во сезоната „Атмосферата во соблекувалната и општо во спортска Битола се одлични. Последните победи ни ги покачија амбициите и сметам дека ако одиме меч по меч и со вистински пристап влеземе во мечевите кои ни преостануваат, можеме само да се радуваме на нови победи. Треба поука да извлечеме од првото полувреме во Гостивар каде не бевме сјајни и на утрешниот натпревар да играме како да се работи за финале. Само така можеме да ги повториме подвизите од Турново и Автокоманда„ ни рече бившиот младински репрезентативец и фудбалер на Работнички. Пелистер ќе менува за разлика од првиот тим против Метачург, па Китановски кој заработи пет жолти картони во претходните неколку кола, ќе биде заменет со Драгарски, а свое место од првата минута бараат и Христов и Љубенов. И покрај студеното време и работниот ден, зелените ќе имаат подршка од „Чкембарите„ кои ветуваат дека ќе бидат 12 играч сега кога подршката на Пелистер и тоа како му е потребна.

Нема коментара:

Постави коментар