Powered By Blogger

19. 11. 2013.

Мултитекс презими како второпласиран во Втората лига

ПО НЕКОЛКУ ГОДИНИ, МАШКИОТ ПИНГ-ПОНГАРСКИ КЛУБ ДОЖИВУВА РЕНЕСАНСА ВО НАШИОТ ГРАД
Битолскиот пинг-понгарски клуб „Мултитекс„ ја заврши есенската полусезона во Втората пинг-понгарска лига на високото второ место од шест екипи. Така по возобнувањето најави подобри денови за овој спорт кој има голема традиција во нашиот град. Тимот на Мултитекс во првите 5 кола забележа 4 победи и 1 пораз и зад скопски Вардар Сити парк го освои второто место, пред пролетните пет кола. Одличен резултат забележа и младиот Христијан Јовановски, кој го освои 4 место од 59 пинг-понгари на државното првенство за средни училишта. Одличен нов почеток и голем организационен прогрес на овој клуб, кој се наоѓа на добар пат за враќање во најсилното друштво. 

1 коментар:

  1. ППК Мултитекс Битола е новоформиран пинг-понг клуб. Клубот функционира благодарение на спонзорот компанијата Мултитекс од Битола. Формирањето на клубот е по заслуга на Тоше Гроздановски, како и ентузијазмот на Томе Петков, и Борче Талевски. Во плановите на клубот е во наредната сезона да се натпреварува вбо Првата пинг-понгарска лига на Македонија.

    ОдговориИзбриши