Powered By Blogger

9. 11. 2013.

Пораз и натпреварот пред да почне

СО МНОГУ ЛОШО ОТВОРАЊЕ НА МЕЧОТ, ПЕЛИСТЕР ШЕСТИ ПАТ ПО РЕД СО НАВЕДНАТА ГЛАВА ГО НАПУШТА ТЕРЕНОТ ПО ПРВЕНСТВЕН МЕЧ
Пелистер - Куманово 55:79 (10:26, 11:15, 9:21, 25:17)

Шести меч и шести пораз за кошаркарите на Пелистер во најсилното македонско кошаркарско друштво. Избраниците на Благој Печалов повторно натпреварот го загубија со лош почеток и пристап во мечот, па сите обиди подоцна да се вратат во мечот беа залудни.
Против многу солидната екипа на Куманово, во ниту еден момент не постоеше резултатска неизвесност. Гостите предводени од фантастичниот Ројс Паран, прелесно се одепија до двоцифрена предност. Посебно очигледна беше доминацијата под обрачите на кумановци, кои забележаа и повеќе скокови. По 11 поени на Паран во раната фаза и србите Мандиќ и Шарлија „нагазија„ од надворешните позиции и на крајот од вториот период предноста на Куманово беше 21:41. И моралот на зелените драстично падна и чиста формалност беше како гостинската екипа го приведе мечот кон крај. Петковски и Вукасовиќ само со по некој блесок се обидуваа, но враќањето во мечот беше невозможно. Финалните 24 разлика за Куманово јасно покажуваат дека момците на Печалов, бодови ќе мора да побараат против некој помалку квалитетен противник. Паран со 32, Шарлија со 17 и Мандиќ со 11 поени беа најефикасни во победничката екипа, а Петковски и Анакиевски со по 11 и Вукасовиќ со 10 поени до некаде можат да се издвојат во тимот на Пелистер. Со оваа долга серија на порази, нема да биде лесно пелистерци да излезат од големата криза и по првите 50 дена до сезоната, го греат дното на првенствената табела.   

Нема коментара:

Постави коментар