Powered By Blogger

12. 11. 2013.

Албанските клубови лудо заинтересирани за Кире Ристевски

РИСТЕВСКИ ВО АЛБАНИЈА ПРЕДИЗВИКУВА ГОЛЕМ ИНТЕРЕС СО ДОБРИТЕ ИГРИ ВО БИЛИС
Веќе неколку години 23 годишниот Кире Ристевски настапува во алабанската Прва лига. Некогашниот лев бек на Пелистер и на младинската репрезентација е капитен на прволигашот Билис од малото место Балш и минува прекрасни моменти во својот клуб.
Со тешко издвојуваната победа од 1:0 против првакот Скендербег од Корча, неговата екипа направи голем подвиг и во изедначениот албански шампионат направи чекор кон опстанокот
 „Многу е тешко да се игра во албанската лига. Екипите се изедначени, тешко се освојуваат бодови на гости, физички сите прволигаши се добро подготвени. По традиција добро играме со Скендербег и овој пат се надминавме себе си. Сега полесно се дише, но борбата за опстанок е се уште долга. Имам договор со Билис до крајот на оваа година и се уште сум во преговори за продолжување. Во оваа екипа сум капитен, ме ценат и одлично ми е тука. Но неколку екипи од самиот врв на албанската лига ме контактираа и можно е да заиграм во некој поамбициозен клуб. Сепак најважен е континуитетот и верувам дека како и во претходните неколку сезони ќе играм редовно и квалитетно„ ни рече битолчанецот во неколкуте слободни денови помеѓу две прволигашки кола во Албанија. Ристевски за младата репрезентација на Македонија одигра 22 натпревари. 

Нема коментара:

Постави коментар