29.11.2013.

Стенио Жуниор прв пат виде снег и настина

БРАЗИЛСКИОТ НАПАЃАЧ ВО МОМЕНТИТЕ НА НАЈДОБРА ФОРМА, „ПОРАЗЕН„ ОД СНЕГОТ И НАСТИНКАТА
Откако во фебруари оваа година од бразилсккиот град распнат на океанот, Форталеза дојде во Европа, Стенио Маркос де Фонсека Салазар, за прв пат се соочи и со ниски температури, студ и снег. Во бугарскиот Литекс одигра 6 средби во три месеци и со „меката„ зима во првите месеци оваа година добро мина.
Но во последниот еден месец во Битола за прв пат се соочи со ниски темпетарури, прв пат мораше да купува зимска облека низ градот и во средата за прв пат играше на снег. Надоврзано со дождот и калта во минатото коло против Металург, Стенио Жуниор ги почувствува сите годишни времиња во Македонија. Плус на споменатите две средби не играше ниту со ракавици, ниту со заштитни хеланки, туку со дрес со кратки ракави. Така вчера настина, почувствува температура и во консултација со клубскиот доктор Зоран Лазаров прими инфузија. Нормално во петокот не тренираше и во зависност како ќе се чувствува денес и дали ќе тренира, ќе се знае дали ќе настапи в недела во Тетово.

Нема коментара:

Постави коментар