Powered By Blogger

10. 11. 2013.

Бочевски задоволен, Илиевски жали за падот на концентрацијата

ПО НАТПРЕВАРОТ ВО БИТОЛА, СПРОТИВНИ РЕАКЦИИ ЗА ИСХОДОТ НА ИЗЕДНАЧЕНИОТ НАТПРЕВАР
Задоволство кај битолчани заради трите бода и разочарување на штипјани, бидејќи во рамноправен натпревар еден детал го одлучи победникот. Двете екипи не одиграа ни приближно до својот максимум но поснаодливи и посреќни беа зелените и во меч со многу тензија, видлива беше насмевката на лицата на битолчани.

Драган Бочевски
(тренер на Пелистер)

            Во овој натпревар најважни беа бодовите и сакам да му честитам на моите фудбалери за борбеноста и витештвото. Брегалница е квалитетна екипа и тоа и денес го покажа, но нашиот карактер беше клучен за победата и бодовите кои остануваат во Битола.


Добринко Илиевски
(тренер на Брегалница)

            Заслужена победа на Пелистер, иако мора да напоменам дека сум задоволен од прикажаното на моите фудбалери. Одигравме добро, организирано но ни недостигаше среќа и концентрација. Практично Пелистер од една зрела шанса не совлада. Но таков е фудбалот, ќе мора бодови да побараме на некоја друга средба.


Нема коментара:

Постави коментар