Powered By Blogger

6. 11. 2013.

Финишот и бодовите за Куманово

ПО РЕПРЕЗЕНТАТИВНАТА ПАУЗА, НЕОЧЕКУБАН ПОРАЗ НА ПЕЛИСТЕР ВО КУМАНОВО
Куманово - Пелистер 28:26 (11:11)

Ракометарите на Куманово во рамки на 7-то коло од првенството на Македонија ја забележаа втората победа на домашен терен и тоа против екипата на Пелистер од Битола со 28:26 и му го нанесоа третиот пораз на пелистерци.
За битолчани и за нивното славно минато не треба да се трошат премногу зборови, но вредно е да се потенцира дека борбеноста и желбата на домачниот Куманово пресуди, па младите ракометари од домашната екипа лавовски се бореа и на дело покажаа како се бранат боите на клубот. Во Куманово најефикасен беше Стефан Трајковски со дури 11 гола, а го следеше Влатко Тасевски со 8 погодоци. Сепак јунак на натпреварот беше домашниот голман Синиша Арсовски кои имаше неверојатни 19 одбрани. Со оваа победа Куманово си ги зголеми шансите за пласман во суперлигашката конкуренција, па сега ќе оди на победа и во наредното коло во сабота кога гостува во Радовиш.

Нема коментара:

Постави коментар