Powered By Blogger

17. 11. 2013.

Победата за гостите, по подобриот втор дел

ПРОТИВ ЛИДЕРОТ ВО ПРВАТА ЖЕНСКА ЛИГА, ДОМАШНИОТ КОНЗУЛИ НЕМАШЕ ШАНСИ ЗА ПОДВИГ
ЖФК Конзули - Младост Оризари 1:3 (1:1)

Во тврд и неизвесен натпревар до самиот крај екипата на Младост Оризари издвојува победа. Први во водство дојдоа „конзулките со голот на Мартина Боглева. Гостите брзо израмнија од слободен удар, па така остана до крајот на првото полувреме.
Кон средината на вториот дел како да ги совлада заморот домашните играчи и во 65 минута примија гол. При крајот на натпреварот конзулките тргнаа на се или нешто и во претпоследната минута на натпреварот примија и трет гол. Иако не комплетни му дадоа силен отпор на првопласираната екипа на табелата. Веќе во среда ги чека нов предизвик, четвртфинале на купот на Македонија против екипата на Единство од Скопје на домашен терен.

Нема коментара:

Постави коментар