Powered By Blogger

30. 11. 2013.

Девојчињата од Младост стартуваа со три победи

СПОРЕД ПЛАНОТ, ОДЛИЧЕН СТАРТ НА СЕЗОНАТА НА СУПЕР ТАЛЕНТИРАНИТЕ ДЕВОЈКИ ОД КК МЛАДОСТ
Нов блесок на најдобро организираната кошаркарска школа во Битола. Кошаркарките на КК Младост-девојчиња родени 1998/99 г., годинашнава сезона ја започнаа со три убедливи победи. Во системот на натпреварување на МКФ во младинските лиги, во првите три натпревари, убедливо со 15-20 поени разлика ги совладаа екипите на Пробаскет од Пробиштип, Кавадарци и Кросиг од Скопје.
Лигата е составена од 7 екипи и се игра двокружен систем „Почетокот на првенството ветува дека сме на добар пат да ја повториме 2011 г. кога бевме државни прваци. Девојките максимално се залагаат и на тренинзите и на натпреварите. Наредниот викенд во Скопје против екипата на Бадел 1862 очекувам максимално залагање и наша победа со која ќе се зацврстиме на врвот од табелата„ ни изјави по последната победа тренерот на екипата Горјан Стојановски.

Нема коментара:

Постави коментар