Powered By Blogger

22. 11. 2013.

Битолските зелени ветуваат борба и позитива во Автокоманда

ДЕРБИ ВО АВТОКОМАНДА ВО КОЕ СЕ ОСВЕН ПОРАЗ ЗА ПЕЛИСТЕР ЌЕ БИДЕ ЗЛАТО ВРЕДЕН РЕЗУЛТАТ
Паузата од две недели добро им дојде на пелистерци да ги „наполнат акумулаторите„ за последните пет официјални натпревари во 2013 година, од кои директно ќе зависи дали ќе имаат солидна или многу успешна полусезона. Избраниците на Драган Бочевски одиграа контролен натпревар со Новаци како подготовка за гостувањето кај Металург и тест за повредените Ковачев и Ристевски.
Бугарскиот интернационалец тренира со екипата, но до последен момент ќе биде неизвесен дали ќе го почне мечот, бидејќи 40 дена не играл на официјален натпревар, од почетокот на вториот дел на мечот во Скопје против Македонија Ѓ.П. Затоа Мојсов, Брдаровски и Китановски се тројцата потенцијални централни дефанзивци за овој натпревар, иако сите играат на други позиции на теренот. Младинскиот репрезентативец Христијан Драгарски иако е спремен, нема да настапи заради акумулација на жолти картони. Ристевски ќе почека до своето официјално враќање веројатно до почетокот на декември, а можеби превентивно ќе биде сочуван за пролетта. Иако неоправадан, црвениот картон на Николај Христов од мечот со Брегалница, дефанзивниот фудбалер за врска го лиши од можност за настап против зелените од Автокоманда „Без разлика на која позиција ќе настапам, мислам дека како и целиот тим ќе се претставиме во вистинско светло. Ваквите мечеви мотивираат, а се сеќавате колку квалитетен натпревар одиграа овие две екипи во Битола во првиот дел од шампионатот. Физички сме добро подготвени и покрај неколку изостаноци оптимист сум дека непоразени ќе се вратиме од Скопје. Очекувам тврд натпревар со малку голови и сметам дека таа екипа која помалку ќе греши има поголеми опции за победа„ велеше во пресрет на последниот тренинг поливалентниот Томе Китановски, кој во текот на сезоната играше на сите позиции во одбраната, а минатата дури и во средниот ред. По оние 2:2 во 4 коло под Тумбе кафе, двете екипи имаат обврска да одиграат барем дел од тој многу квалитетен меч, какви има се поретко во нашиот шампионат. Минатата сезона кога последен пат гостуваше во Автокоманда, Пелистер загуби со 1:0 со голот на Миле Крстев. 

Нема коментара:

Постави коментар