Powered By Blogger

6. 11. 2013.

Дебакл на зелените во Градски парк

СО ПОРАЗ ОД 46 РАЗЛИКА, КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР СЕ ВРАЌААТ ОД ГОСТУВАЊЕТО КАЈ РАБОТНИЧКИ
Работнички - Пелистер 113:67 (31:18, 21:10, 33:23, 21:16)

Во Градскиот парк во Скопје, Пелистер играше изедначена кошарка со Работнички само во првите пет минути, но Симоновски и Соколов со прецизни удари од далечина почнаа серија за својата екипа, која до крајот на периодот го одведе работнички до високи 31:18.
Скопскиот состав доминираше во сите сегменти од играта и постојано ја зголемуваше предноста, за по само три четвртини, Работнички веќе да стигне до 92 постигнати поени и водство од 41 поен разлика.. При таква ситуација, посериозна минутажа добија помладите кошаркари, кои го приведоа натпреварот кон крај за висок триумф од 113:67. Седуммина кошаркари во победничката екипа постигнаа двоцифрен број на поени, меѓу кои Соколов и Мбемба со по 18 поени беа најпрецизни. Синиша Аврамовски оствари дабл-дабл од 13 поени и 10 скокови. Кај Пелистер Спорт, Александар Калањ постигна 20 поени, а по 12 реализираа Вукасовиќ и Штурановиќ.


Нема коментара:

Постави коментар