Powered By Blogger

7. 11. 2013.

Нов управен одбор во РК Пелистер

КОНЕЧНО ЗАВРШЕНА ТРАНСФОРМАЦИЈАТА ВО РК ПЕЛИСТЕР КОЈ ВЕЌЕ ФУНКЦИОНИРА КАКО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО
По трансформацијата на Ракометниот клуб од здружение на граѓани во акционерско друштво, кое беше направено според барањето на Ракометната федерација и Законот за спорт, деновиве беше формиран новиот управен одбор на РК Пелистер.
За нов претседател на Управниот одбор на Пелистер е назначен Сашко Павловски, а Управниот одбор ќе брои пет членови. Покрај Павловски во УО ќе седат и: Гинко Огненов, ракометен работник и делегат на РФМ, Сашо Јанакиевски - сопственик на компанијата “Еко клуб“, Зоран Соклевски - директор на Јавното претпријатие “Комуналец“ и Горан Петровски од ГП “Пелистер. По составувањето на новиот управен одбор, Павловски ни рече: „Полека согласно сите законски рокови ја привршуваме трансформација, а со формирањето на Управниот и Надзорниот одбор веќе е завршена трансформацијата за што веќе во Централниот регистар е запишана промената. Останува за брзо време да се формираат останатите тела, комисии и секако некои други функции. По комплетното екипирање на Управата на Пелистер, некаде од стартот на пролетниот дел од Првенството ќе старуваме со реализацијата на новата “политика“ на Ракометниот клуб„ заврши Павловски.

Нема коментара:

Постави коментар