Powered By Blogger

24. 11. 2013.

На Металург му се случи Стенио Жуниор

ПО ПОВЕЌЕ ОД ЧЕТИРИ ГОДИНИ, ПЕЛИСТЕР СЛАВИ ВО АВТОКОМАНДА И ПО ПОВЕЌЕ ОД ДВА МЕСЕЦИ СЕ ВРАЌА НА ЛИДЕРСКОТО МЕСТО НА ТАБЕЛАТА 
Прва фудбалска лига - 16 - коло
Металург - Пелистер 2:4 (1:2)

Стадион во Автокоманда - Скопје. Гледачи: 100
Главен судија: Марјан Ецкоски
Асистенти: Жарко Тодоровски (Охрид) и Ацо Мацески (Струга)
Делегат: Илија Митров (Штип)
Стрелци: Пеев во 26 и Крстев во 48 минута за Металург, Стенио Жуниор во 7,26 минута од пенал, 65 и 86 минута за Пелистер
Жолти картони: Додевски, Пеев (Металург), Миленковски, Китановски, Ковачев (Пелистер)
Црвени картони: нема

Металург:
Ефремов, Делчески, Ѓорѓиевски (од 46м. Крстев), Б. Љамчевски (од 68м. Вујовиќ), Пеев, Симоновски, Митрев (од 46м. Стевановиќ), Радески, Митревски, Додевски, Шишков

Пелистер:
Пашовски, Брдаровски, Ковачев, Китановски, Миленковски, Мојсов, Анастасов, П. Љамчевски (од 77 Љубенов), Елмазовски (од 90м. Елмазовски), Стенио Жуниор (од 90м. Мирчевски), Алтипармаковски
Играч на натпреварот:
Стенио Жуниор (Пелистер)


            Како и во првиот натпревар под Тумбе кафе и денес во Автокоманда Металург и Пелистер одиграа многу квалитетен натпревар, овој пат и по многу тешкиот терен, натопен и неприлагодлив за игра. Првата закана ја имаше Металург во 4 минута, кога по ударот на Благојче Љамчевски, гостинскиот капитен Пашовски сигурно интервенираше. Стенио Жуниор мотивирано го почна мечот и целосно ги демонстрираше инвидуалните квалитети. Во 7 минута бразилецот биеше од 20 метри, топката доби забрзување и го измами Ефремов. Ефектен гол за водство за битолчани и психолошки „ветер во грб„ за екипата на Бочевски. Металург ја превзеде иницијативата и креираше свои закани преку удари од дистанца. Во 17 минута по центаршутот на сеприсутниот Благојче Љамчевски, со глава биеше Симоновски но Пашовски одбрани. Две минути подоцна од спротивната десна страна биеше Радевски, но пак само во рацете на голманот на битолчани. Но ако до тој момент беше сигурен, Пашовски во 26 минута грубо погреши откако ја испушти топката од рацете по центаршутот на Б. Љамчевски. На само пет метри натрча Оливер Пеев и го израмни резултатот. Домаќините преку Симоновски веднаш имаа опција и за водечки гол, но ударот со глава Пашовски го одбрани. Тешкиот терен ја кондиционираше играта на дефанзивците, па по грешката на Додовски, Алтипармаковски мајсторски го мина по десната страна и овој го сруши пред очите на главниот судија Ецкоски. Пенал за Пелистер во 36 минута, кој Стенио Жуниор мајсторски го изведе и реализира за ново гостинско водство. Но Металург не се предаваше и пред одморот по невниманието на Миленковски, фудбалерот кој го скриви пеналот за Металург, Нинослав Додовски сега изнуди пенал за неговата екипа. Но се поправи и голманот Пашовски кој пантерски го одбрани пеналот, кој го изведе Благојче Љамчевски. Битолчани на одмор заминаа со мининално водство, но го сочуваа само три минути во вториот дел. Откако Захариевски ги внесе во игра Стевановиќ и Крстев, двајцата комбинираа за прекрасен гол на капитенот. Миле Крстев со лоб удар од 7-8 метри го матира Пашовски и израмни на 2:2. Следеа 20 минути на изедначена игра, во која само ударите од дистанца на Благојче Љамчевски и Љубо Стевановиќ беа каква-таква закана. Одлуката падна во 65 минута, кога Филип Миленковски мајсторски центрираше од левата страна, на втора статива натрча бразилецот Жуниор и со глава во поблискиот агол по трет пат го доведе Пелистер во водство. Скопските зелени се фрлија на нападот, со влегувањето на Вујовиќ на местото на Благојче Љамчевски. Во 74 минута по киксот на Ковачев, младиот Томе Китановски со лизгачки старт спречи израмнување пред Марко Симоновски. Стрпливоста на битолчани им донесе резултат со голот за потврда на третата гостинска победа во 86 минута. Љубенов побегна по левата страна, одлично центрираше на петерецот, каде Стенио Жуниор ефектно го матираше Ефремов за комплетирање на неговиот покер на голови по тешкиот терен во Автокоманда. Голема победа на битолчани, трета во серија и по два месеци пелистерци пак од горе гледаат на првенствената табела.    

Нема коментара:

Постави коментар