Powered By Blogger

11. 11. 2013.

Бодови како кислород за амбициите на Пелистер


МИНИМАЛЕЦОТ СО БРЕГАЛНИЦА ОДЛУЧУВАЧКИ ЗА АСПИРАЦИИТЕ НА БИТОЛЧАНИ ОВАА ЕСЕН
За прв пат по 70 дена, битолски Пелистер поврза две победи во натпревари од шампионатот и се доближи до самиот врв на првенствената табела. Зелените имаа сериозни проблеми против одличната Брегалница, но беа луцидни од една полушанса да дојдат до водство и да го сочуваат до самиот крај.
Веројатно во овие 15 кола одиграле и многу подобро, а не прокнижиле бодови од неделниот меч, но таков е фудбалот. Со 24 бода, екипата на Бочевски со многу помирен дух ја дочекува паузата. Фудбалерите добија два слободни дена, а за мечот со Металург ќе почне да се размислува од среда. Добра вест е што на два последователни натпревари пелистерци не примија гол, а веќе подолг период играат без тандемот на централни дефанзивци Ковачев - Драгарски. Во претходниот еден месец најмалку еден од нив, а во дел од мечот со Македонија и двајцата отсуствуваа. И кога се чинеше дека тимот ќе се комплетира за наредиот меч, младинскиот репрезентативец Христијан Драгарски доби петти жолт картон и нема да игра со лидерот Металург. Исто така за наредниот натпревар, Пелистер втор пат во две недели ќе мора да биде без услугите на Николај Веселинов Христов, кој доби исклучување заради два жолти картони против штипските плави. Се на се, Пелистер има доволно време да се организира, да ги среди своите организациони проблеми и фокусиран да ги дочека последните четири средби од фудбалската есен и реванш мечот со Работнички од четвртфиналето на Купот. За нешто поспокојна работа, Бочевски ги има во „трезорот„ шесте бода од мечевите со Хоризонт Турново и Брегалница, кои доаѓаат по црниот период од само 2 бода од 4 кола во месец октомври.

Нема коментара:

Постави коментар