Powered By Blogger

16. 11. 2013.

Овој пат минимален, но пак пораз за КК Пелистер

ИАКО ТРИ ЧЕТВРТИНИ БЕА РАМНОПРАВНИ, ЗЕЛЕНИТЕ ГО „ПОЛОЖИЈА ОРУЖЈЕТО„ ВО КАВАДАРЦИ
Фени Индустри - Пелистер 94:88 (21:14, 19:18, 26:27, 28:29)

Како и на претходните неколку мечеви, лошиот влез во натпреварот пак кошаркарите на Пелистер ги чинеше пораз. Во Кавадарци Фени индустри на домашен терен славеше над Пелистер со 94:88.
Игор Бјелиќ со 25 поени ги предводеше кавадарчани до триумф, а уште четворица кошаркари беа со двоцифрен ефект, Харис (17), Марковски (16), Балабан (15), Станков (14). Кај Пелистер се истакна Александар Калањ со 25 поени, а Александар Стурановиќ постигна 17 кошеви. Уште еден седми по ред пораз за екипата на Благој Печалов и загарантирано дно на првенствената табела по првиот еден и пол месец од домашниот шампионат. 

Нема коментара:

Постави коментар