Powered By Blogger

4. 11. 2013.

Нов почеток на пелистерци, по триумфот во Турново

ДАЛИ ПРЕКИНОТ НА ЦРНАТА СЕРИЈА ЗА ПЕЛИСТЕР ЌЕ ЗНАЧИ, ВЛЕЗ ВО НОВИ ПОЗИТИВНИ МОМЕНТИ?
Ако имаше поволен момент кога треба да се прекине црната серија, фудбалерите на Пелистер го одбраа вистинскиот момент и среде Турново по еден месец му се вратија на победите. Така останаа во големата група на тимови кои се борат за висок пласман.
По најлошиот натпревар во сезоната и поразот од Ренова со 0:4, екипата на Драган Бочевски без неколку стандардни првотимци, стигна до мудра и тактички перфектна партија и победа на „Кукуш„ Иако головите паднаа по инвидуалности, тимот на Пелистер делуваше компактно, дисциплинирано и знаеше што сака против една од најдобрите екипи во лигата. Овој меч треба да им ја врати самодовербата на зелените пред последните пет средби оваа есен, како и возвратниот меч од четвртфиналето на Купот „Игравме многу паметно и докажавме дека можевме да играме рамноправно со секого во оваа лига. Мечот со Ренова не беше ни одблиску приказ на Пелистер оваа сезона. Затоа мораме одново да започнеме и овие пет кола да ги искористиме да ја вратиме нашата стара позиција околу врвот на табелата, на која што сме скоро цела есен„ велеше Филип Миленковски, кој во Турново одлично се снајде на бековската позиција по црвениот картон на Китановски со „гипсарите„ За мечот со Брегалница, кој зелените почнаа да го подготвуваат уште денес, во тимот ќе се вратат Елмазовски и Николај Христов, а можеби и Мартин Ковачев. За да го задржат континуитетот, пелистерци треба да слават против штипските плави, од кои загубија со 3:0 под Исарот во септември. 

Нема коментара:

Постави коментар