Powered By Blogger

17. 11. 2013.

Реванш против Тинекс Пролет за поразот во септември во Скопје

ВО ВТОРИОТ ДЕЛ, ПЕЛИСТЕР ГО СКРШИ ОТПОРОТ НА ЖИЛАВИОТ ТИМ НА ТИНЕКС ПРОЛЕТ
Пелистер - Тинекс Пролет 28:25 (12:12)

Ракометарите на Пелистер се вратија во победнички ритам и со две победи на домашен паркет ја поправија состојбата на табелата на само три меча до крајот на есенскиот дел од ВИП Суперлигата.
Во тежок психолошки меч, пелистерци во второто полувреме го скршија отпорот на Тинекс Пролет. Играта во одбрана, лесните голови од контранапади, доведоа во последните 10 минути, битолчани да играат со +3,4 предност. Така Дрогришки, Димитровски и другарите успеаа да го приведат мечот кон крај со победа од 28:25. Со овој триумф, зелените му се реваншираа на противникот за поразот во второто коло во главниот град. На само 240 минути до крајот на есенскиот дел, екипата на Поповски и Николовски најверојатно ќе презими на третото место зад Зомимак М  и Тинекс Пролет, иако против струмичани во средината на декември ќе се обиде да направи изненадување во спортската сала „Младост„ во Битола.   

Нема коментара:

Постави коментар