Powered By Blogger

18. 11. 2013.

Ристевски на терен по 172 дена од повредата

ВРАЌАЊЕТО НА КАПИТЕНОТ, НАЈПОЗИТИВНАТА ВЕСТ ОД ПРИЈАТЕЛСКИОТ МЕЧ СО НОВАЦИ ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ
Од 29 мај и тешката повреда на ахиловата тетива во Тетово, капитенот на Пелистер Диме Ристевски мина тешка голгота низ операцијата во Скопје, периодот на рекуперација и враќањето на фудбалските терени.
Во неделата во контролниот меч во Новаци против истоимениот второлигаш, Ристевски го одигра целото второ полувреме и првите вибрации се позитивни. Планот на клубот е искусниот фудбалер за врска да биде комплетно подготвен за подготовките за пролетниот дел од шампионат и во март да биде додадена вредност за екипата на Бочевски. Инаку пелистерци паузата во првенството ја искористија за победа над второлигашот Новаци со 4:0 со голови постигнати во првото полувреме. Два пати Димитар Воденичаров и по еднаш Марјан Алтипармаковски и Стенио Жуниор ја погодија мрежата на Новаци во пријателскиот меч и најавија добра форма на напаѓачите пред последните 5 натпревари до крајот на година. Бочевски мечот го почна со: Апостоловски, Елмазовски, Брдаровски, Китановски, Миленковски, Мојсов, Љубенов, Анастасов, Стенио Жуниор, Алтипармаковски, Воденичаров. Во вториот дел шанса добија: Љамчевски, Ристевски, Дуков, Велевски, Мирчевски, Трајковски. Пелистерци денес добија слободен ден, но веднаш од утре им почнуваат подготовките за мечот со Металург в недела. Се уште надвор од стројот тренира Мартин Ковачев кој се повреди на гостувањето кај Македонија Ѓ.П. и сеуште не е спремен за официјални натпревари. В недела зелените нема да можат да сметаат на Драгарски и Николај Веселинов Христов, заради санкциите на судијата Бартон на мечот со Брегалница во неделата. 

Нема коментара:

Постави коментар