Powered By Blogger

17. 11. 2013.

Јанковска влезе во финалниот дел на светското првенство

МЕЃУ СЕДУМТЕ МАКЕДОНСКИ ФИНАЛИСТИ ВО АНТАЛИЈА, И БИТОЛЧАНКАТА ЈАНКОВСКА ВЛЕЗЕ ВО ЕЛИТАТА
 На вториот дел од Светското првенство кое се одржува во Анталија, Турција, на 30 ноември, од вкупно пријавени 131 кик-боксери , после третата селекција ќе учествуваат само седум. Еден од седумте натпреварувачи кои ќе ја претставуваат Македонија е и репрезентативецот и тренер на КБК Заншин од Битола, Стевка Јанковска
„Првата селекција беше на државното првенство на кое учествуваа 131 натпреварувач, беа избрани само 28 од кои на втората селекција по низа тестови за брзина, издржливост и техника, беа издвоени оние со најдобри резултати. Планирани се подготовки уште во три серии, последните подготовки ќе се одржат во Крушево од каде репрезентацијата ќе патува за Анкара. Очекувам да ги потврдам минатогодишните успеси од Европското првенство, како и да ги одбранам титулите од Светското првенство 2011 година„ ни рече по квалификациите Стефка Јанковска.

Нема коментара:

Постави коментар