Powered By Blogger

21. 11. 2013.

Калањ од Пелистер замина во Лирија

СРЕД СЕЗОНА, БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР ОСТАНА БЕЗ ЕДЕН ОД СВОИТЕ НАЈДОБРИ КОШАРКАРИ
Поразот од Работнички, меч во кој центрите на Лирија беа целосно надиграни од страна на Душан Кнежевиќ, беше причина раководството на овој клуб да ангажира нов висок кошаркар како засилување за преостанатиот дел од сезоната. Така, екипата на Марјан Илиевски ги засили своите редови со Александар Калањ, српскиот интернационалец што во досегашниот тек од сезоната го носеше дресот на Пелистер.
Калањ беше најдобар поединец на битолскиот клуб во првите неколку натпревари сезонава, во просек реализирајќи по 15,9 поени, 5,4 скокови и 2,6 асистенции по натпревар. Неговите добри игри беа препорака за Лирија да се обиде да го ангажира, па откако двете страни постигнаа целосен договор, Калањ и официјално потпиша договор со прволигашот од скопската населба Чаир. Поранешниот член на Работнички би требало своето деби за Лирија да го има на дербито од следното коло во македонскиот шампионат, во кој оваа екипа ќе го пречека Куманово.

Нема коментара:

Постави коментар