Powered By Blogger

7. 11. 2013.

Пелистер во обид да врзе две победи во серија

ПО СКОРО ТРИ МЕСЕЦИ, ТИМОТ НА БОЧЕВСКИ СО ШАНСА ДВА ПАТИ ПО РЕД ДА СЕ РАДУВА
По триумфот на „Кукуш„ фудбалерите на Пелистер ја прекинаа црната серија од еден месец без победа и сега се насочуваат што подолго да трае нивниот позитивен момент. Зелените против Брегалница играат едно од последните пет финалиња, во кои имаат за цел да освојат што е можно повеќе бодови за мирна зима.
Тренерот Бочевски ќе ги има назад во стројот Елмазовски и Николај Христов, а сигурно нема да настапат Китановски и Ковачев. Најверојатно тимот од под Тумбе кафе нема многу да менува од стартниот тим кој славеше во Турново, иако овој меч ќе биде сосема поинаков. Капитенот Горан Пашовски повикува на мобилност на мечот со штипските „плави„ „На мечот во Штип тотално потфрливме. Тогаш само ни се потврди тезата дека Брегалница има силен тим, кој може рамноправно да игра со сите тимови во лигата. За разлика од тој меч многу работи се сменија и во нашиот и во нивниот тим и сега по триумфот со Хоризонт Турново, со оптимизам гледаме на овој предизвик. Уште од стартот на сезоната не сме врзале две победи во серија и верувам дека ова е вистинска шанса за тоа„ порача искусниот чувар на мрежата. За очекување е Елмазовски да влета во тимот на местото на младиот Јове Трајковски, а меѓу Христов, Љамчевски и Анастасов еден најверојатно ќе почне на клупата, иако постои можност да играат сите заедно од првата минута. Минатата сезона кога последен пат играа со избраниците на Добринко Илиевски, пелистерци потфрлија под Тумбе кафе и и одиграа без голови.

Нема коментара:

Постави коментар