09.07.2014.

Без понуди за Пелистер по втор пат, клубот останува под општинска капа

НЕИЗВЕСНОСТ НАД ФК ПЕЛИСТЕР И ПО ВТОРИОТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОДАЖБА
Ниту во вториот предвиден рок на јавниот повик на општина Битола немаше ниту една писмена понуда за купување на клубот. Од Општина Битола стигна информација дека епилогот е ист како при првиот повик и покрај интересот и неколку разговори со потенцијални купувачи.
Пелистер останува под општинска капа, но во наредните два дена треба да се направи стратегија како ќе функционира до крајот на 2014 година. Општина Битола заклучно со буџетот за годината која изминува изгласа 9 милиони денари за ФК Пелистер. Но со оглед на тоа што две третини од тие пари се потрошени на претходната сезона и на котизацијата за новата, клубот и единствениот акционер ќе треба да пронајдат план како ќе фунционира во есенскиот дел од шампионатот. Постојат неколку резервни опции за влез на свеж капитал, кои клубот треба да ги обелодени до крајот на неделата. 

Нема коментара:

Постави коментар