Powered By Blogger

2. 7. 2014.

Васко Димитровски пред потпис со Зомимак

БИТОЛСКАТА КОЛОНИЈА ВО СТРУМИЦА ЌЕ ДОБИЕ УШТЕ ЕДЕН ЧЛЕН
Искусниот ракометар на Пелистер, кој во последните две сезони ја носеше и капитенската трака, 31 годишниот Васко Димитровски се наоѓа пред заминување од битолскиот суперлигаш.
Имено Димитровски ги договори личните услови со Зомимак од Струмица и со оглед на тоа што нема постоечки договор со пелистерци наскоро ќе биде официјализиран неговиот премин во струмичкиот клуб. Димитровски скоро цела кариера ја помина во Пелистер, со исклучок на неколку месеци со Вардар под водство на Веселин Вујовиќ. Димитровски е втор домашен ракометар кој го напушта Пелистер по Филип Чурлевски, кој заврши во МРК Вардар. Исто така битолскиот клуб не ги продолжи договорите со Јуравлиев, Басараб, Ракочевиќ, Филиќ и Вакаруз.

Нема коментара:

Постави коментар