05.07.2014.

Цветаноски и Петрески од понеделник стануваат пелистерци

НАРЕДНАТА НЕДЕЛА БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ ТРЕБА ДА ГИ ДОБИЕ ПРВИТЕ ЗАСИЛУВАЊА ЗА НОВАТА СЕЗОНА
Двајца искусни фудбалери наредната недела треба да го стават својот потпис на договорот со битолски Пелистер. Дејан Цветаноски кој настапуваше за Хоризонт Турново и Напредок и Влатко Петрески од Победа ги договорија личните услови и за неколку дена треба да станат нови членови на битолскиот прволигаш.
По серија на заминување се очекува наредната недела Пелистер да донесе неколку засилувања. Со екипата тренираат браќата Степаноски, Тодоровски, Алтипармаковски, Митревски и за неколку дена ќе се знае дали ќе потпишат перманентни договори со битолскиот прволиш. Цветаноски е офанзивен фудбалер со огромно искуство од домашното првенство, а Петрески кој исто така настапуваше за Напредок, го носеше дресот и на прилепска Победа и може да игра на повеќе позиции во средниот ред и нападот. Иако задоцнет преодниот рок на битолчани може да го засили тимот пред стартот на новиот шампионат.



Нема коментара:

Постави коментар