31.07.2014.

Македонски судии делегирани за полуфиналето Германија - Шпанија

НОВО ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА БИТОЛСКИОТ СУДИСКИ ПАР
Македонскиот судиски пар Димитар Митревски и Благојче Тодоровски се делегирани за второто полуфинале на Европското првенство во ракомет за младинци во Линц (Австрија) помеѓу Шпанија и Германија.
Битолчаните така ќе судат и на петти натпревар на ова првенство, откако претходно ја делеа правдата на средбите: Шведска - Израел, Словачка - Австрија, Белорусија - Словачка и Шпанија - Данска. Второто полуфинале помеѓу Данска и Шведска ќе го водат француските судии Бунара и Сами, а делегат е нашиот Драган Начевски.

Нема коментара:

Постави коментар