10.07.2014.

Повредата на Брдаровски не е сериозна, наскоро им се враќа на тренинзите

ДЕФАНЗИВЕЦОТ НА ПЕЛИСТЕР ДОБРО МИНА ПО ПОВРЕДАТА НА СКОЧНИОТ ЗГЛОБ
На еден од последните тренинзи на битолските зелени, незгодно го повреди скочниот зглоб офанзивниот десен бек Владица Брдаровски. Дури и стручниот штаб и навивачите стравуваа дека се работи за сериозна повреда, но по магнетната резонанца утврдено е дека Брдаровски имал многу среќа и дека добро минал.
Според последните лекарски препораки, тој ќе мора да мирува 7-10 дена, а потоа ќе се приклучи кон тренинзите. Неговиот настап на почетокот на првенството не е доведен во прашање. Брдаровски зад себе остави добра сезона во матичниот клуб, откако се врати од Работнички. Во меѓувреме новиот селектор Бошко Ѓуровски неколку пати го повика на собирот и настапите за националната репрезентација. 

Нема коментара:

Постави коментар