21.07.2014.

Менде Степановски се врати во Ренова

ЕДЕН ОД НАЈИСКУСНИТЕ ДЕФАНЗИВЦИ ВО ЛИГАТА, СЕ ВРАЌА ВО СИНО-БЕЛИОТ ДРЕС НА РЕНОВА
Иако се очекуваше да се врати во Пелистер со кого тренираше во претходните 2-3 недели, искусниот 31 годишен дефанзивец Менде Степановски се одлучи кариерата да ја продолжи во еден од своите бивши клубови, Ренова од Џебчиште.
Токму од овој клуб Степановски се врати во Пелистер минатото лето, пред да потпише за Напредок по само три натпревари за бодови за битолчани. Со исклучок на една кратка меѓународна епизода во Јоникос пред десетина години, Менде Степановски постојано настапува во македонскиот шампионат и тоа во споменатите три екипи: Пелистер, Напредок и Ренова. Со „гипсарите„ Степановски го освои Купот во 2012 година. Во Ренова ќе игра заедно со уште еден битолчанец, Антонио Бујчевски и довчерашниот играч на Пелистер, Ѓорѓи Мојсов. 

Нема коментара:

Постави коментар