Powered By Blogger

19. 7. 2014.

Во колото на изненадувања, Славија со лесна почетна победа

ЗАПОЧНА НОВИОТ БУГАРСКИ ШАМПИОНАТ СО ОЧЕКУВАНА ПОБЕДА НА ЕКИПАТА НА БИТОЛЧАНЦОТ РИСТЕВСКИ
Во првото коло на новиот бугарски шампионат, Славија од Софија на македонскиот репрезентативец Кире Ристевски забележа убедлива победа против Марек со 4:1 (3:0). Ристевски ги одигра сите 90 минути на позиција лев бек, а уште во првиот дел домашната екипа го реши прашањето на победникот.
Фонсека во 1, Платини во 14 и Генчев во 40 минута беа стрелци на головите за бело-црните. Тончев во 54 минута намали на 3:1, а финалните 4:1 ги постигна Бичев во судиското надополнување. Во останатите саботни натпревари од првото коло, Лудогорец загуби на гостувањето кај Хасково со 1:0, а Левски едвај спаси реми (1:1) против Локомотив Пловдив на домашен терен. Утре во 19 часот Берое на Стефан Спировски го дочекува Черно море на Жикица Тасевски на стадионот во Стара Загора.

Нема коментара:

Постави коментар