Powered By Blogger

7. 7. 2014.

Петар Љамчевски се враќа во Пелистер

ПО ПОМАЛКУ ОД ЕДЕН МЕСЕЦ МЛАДИОТ ФУДБАЛЕР ЗА ВРСКА СЕ ВРАЌА ВО МАТИЧНИОТ КЛУБ
Младиот фудбалер за врска кој поникна во школата на Пелистер, Петар Љамчевски иако близу еден месец тренираше со Металург и одигра контролни натпревари, се враќа во Пелистер и во новата сезона ќе го носи дресот со зелена боја на битолскиот прволигаш.
Имено спогодбено Металург и фудбалерот го раскинаа потпишаниот договор и како слободен фудбалер, младиот ас кој во август ќе наполни 23 години, се враќа во матичниот клуб. Љамчевски минатата сезона одигра преку 20 натпревари и постигна еден гол на „вечното дерби„ со Вардар во Скопје кое заврши 1:1. Љамчевски ќе биде добредојден во средниот ред на зелените покрај искусните Ристевски, Цветаноски, Миленковски и младите Мустафов, Велевски, Трајковски. 

Нема коментара:

Постави коментар