Powered By Blogger

22. 7. 2014.

Чешки противник за Пелистер во Челинџ Купот


СРЕЌАТА НЕ ГИ ПОМИЛУВА БИТОЛЧАНИ ВО ЖДРЕПКАТА ОД ВТОРОТО КОЛО НА ЧЕЛИНЏ КУПОТ

Ракометарите на Пелистер кои по една сезона се враќаат во европските купови го дознаа името на својот противник во 2 коло на Челинџ Купот. Иако беа носители и имаа можност да добијат ривали од Косово, Луксембург, Грција и Италија, битолчани ја извлекоа традиционалната чешка екипа Дукла од Прага.
Првиот меч ќе се игра во главниот град на Чешка на 22 или 23 ноември, а реванш мечот на 29 или 30 ноември во спортската сала Младост. Пелистер е единствената наша екипа која играла финале на машки европски Куп и тоа баш во Челинџ Купот во 2000 година, кога загуби во финалниот двомеч од Скјерн од Данска.

Нема коментара:

Постави коментар