24.07.2014.

Старо-нов претседател во ФК Пелистер

ВРАЌАЊЕ НА ДИМЧЕ ШЕРОВСКИ НА МЕСТОТО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФК ПЕЛИСТЕР
Со оглед на новонастанатата ситуација ФК Пелистер мораше брзо да реагира и да ги спроведе долго највуваните промени. За нов претседател на клубот на наредната седница на бордот на директори ќе биде назначен Димче Шеровски, кој по две години се враќа на претседателската функција.
Тој беше прв човек на клубот во периодот кога Пелистер како првопласиран во Втората лига се промовира во прволигаш во летото 2012 година. Ќе биде избран скоро комплетно нов борд на директори, во кој најверојатно ќе има само еден член од стариот. Шеровски вчера им се обрати на фудбалерите во името на новата структура на клубот и ги запозна со плановите за развој на клубот. Секретар на клубот останува Бруно Пресилски.  

Нема коментара:

Постави коментар