Powered By Blogger

30. 7. 2014.

Новески капитен на Мајнц и кај новиот тренер

БИТОЛЧАНЕЦОТ ОСТАНУВА СО КАПИТЕНСКАТА ТРАКА И ВО НОВАТА БУНДЕСЛИГАШКА СЕЗОНА
Поранешниот македонски репрезентативец Николче Новески и во новата сезона во Бундеслигата ќе го предводи Мајнц како капитен. Новиот тренер Каспер Хјулманд повторно му ја довери оваа одговорна улога на нашиот дефанзивец исто како и неговиот претходник Томас Тушел.
Тој веќе десет години го носи дресот на Мајнц и секако е еден од највлијателните фудбалери во тимот. „Што можам да кажам? Секако дека сум почестен што останувам капитен. Се надевам дека ова успешно време кое го поминавме заедно како  тим ќе продолжи и во новата сезона“, изјави Новески во интервјуто за „Вајсбаденер тагблат“ И покрај тоа што веќе е ветеран и има 35 години, Новески не најавува пензија, туку размислува од сезона за сезона. „Размислува година за година. Ќе видиме како ќе оди понатаму. Не можам да предвидам ништо сега“, додава битолчанецот, кој по завршувањето на мундијалскиот квалификациски циклус минатата есен се повлече од националниот дрес.

Нема коментара:

Постави коментар