Powered By Blogger

7. 7. 2014.

Цветаноски: „Мојот избор е Пелистер„


ПОТВРДЕНО ДЕКА ПЕЛИСТЕР ПРВОТО ЗАСИЛУВАЊЕ ЌЕ ГО ДОБИЕ ВО ИСКУСНИОТ ДЕЈАН ЦВЕТАНОСКИ
Бившиот фудбалер на Напредок и Хоризонт Турново, Дејан Цветаноски најави дека го избрал Пелистер за продолжување на кариерата. Во изјава за „Македонски спорт„ поливалентниот фудбалер вели дека штом не заминал во странство Пелистер му бил прв избор:
„Точно е дека имав понуди од неколку странски клубови од Исланд или Швајцарија, но ништо од тоа. Кога веќе не заминав во некое посилно првенство морав да се насочам кон домашните понуди. Добив повик од Пелистер и Тетекс и мојата одлука е кариерата да ја продолжам под Тумбе кафе„ истакна Цветаноски кој во наредните два дена треба и официјално да стане член на Пелистер.

Нема коментара:

Постави коментар