19.07.2014.

Надежите на Пелистер на силен турнир заедно со Партизан, ЦСКА Софија, Славија

СКОПЈЕ, ДОМАЌИН НА СИЛЕН ТУРНИР ЗА НАДЕЖИ НА КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА И БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР
Фудбалската федерација на Македонија и град Скопје организираат шестневен меѓународен фудбалски турнир во главниот град, „Скопје куп 2014“, на кој ќе учествува дел од југословенскиот крем, но и младинскиот погон на бугарскиот гигант ЦСКА Софија.
На турнирот ќе играат 20 екипи од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија во период од 23 до 29 јули на неколку терени во Скопје. Ќе играат екипи со фудбалери родени 1997 година и помлади и екипи со играчи 1999 година и помлади. На турнирот најавени се екипите на Партизан, Вардар, ЦСКА Софија, Пелистер, Осиек, Војводина, Славија, Реал Ниш, Академија Пандев, Шкендија, Охрид, Репрезентација на град Скопје.

1 коментар:

  1. Здраво сакам да ви предложам да го додадете блогот на Blogirame.mk блог агрегатор на блогови од Македонија. Ако треба некоја помош контактирајте не на info@blogirame.mk

    ОдговориИзбриши