Powered By Blogger

15. 7. 2014.

Браќата Степановски и Тодоровски потпишуваат оваа недела?

КЛУЧНА НЕДЕЛА ЗА ЕВЕНТУАЛНИТЕ ЗАСИЛУВАЊА НА БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ
Со оглед на тоа што веќе десет дена тренираат со екипата, браќата Менде и Кире Степановски и Гоце Тодоровски деновиве треба и официјално да се вратат во својот матичен клуб.
Двајцата дефанзивци доаѓаат од Напредок, а фудбалерот за врска настапуваше во Еуромилк. Нивните клубови испаднаа од Првата лига и во потрага по нов предизвик тројцата се враќаат под Тумбе кафе. Управата на клубот ги договори скоро сите детали за нивните договори и потребно е само зелено светло околу клубската стратегија за оваа полусезона и до крајот на оваа недела и официјално браќата Степановски и Тодоровски ќе станат членови на Пелистер.

В среда тест со Ренова во Битола

По победата против Младост Царев двор од 2:0, в среда битолскиот прволигаш на својот стадион ќе игра втор пријателски натпревар, овој пат против прволигашот Ренова. Во сезоната битолчани два пати загубија од „гипсарите„ 0:4 во Битола и 1:0 во Тетово, а битолчани славеа со 2:1 во првиот од трите меча на овие две екипи минатата сезона, игран под Шара.

Нема коментара:

Постави коментар