Powered By Blogger

20. 7. 2014.

Александар Ристевски тренира со Пелистер и очекува потпис?

НА ПОВИДОК УШТЕ ЕДНО ВРАЌАЊЕ ВО МАТИЧНИОТ КЛУБ ВО БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ
Младиот 22 годишен одбранбен фудбалер Александар Ристевски деновиве повторно тренира со матичниот клуб Пелистер и се очекува деновиве да го стави својот потпис на едногодишен договор со битолскиот прволигаш. Ристевски кој има едногодишно искуство во Првата лига во дресот на Пелистер, подоцна ги бранеше боите на Металург и Победа, а по операцијата сега е максимално подготвен и со полн интензитет тренира под Тумбе кафе.
И тој како и уште неколку фудбалери деновиве ја очекуваат потврдата на нивното останување во клубот. Потврда која зависи од клубската поставеност, со оглед на тоа што Пелистер секојдневно очекува влез на нов капитал во клубот. 

Нема коментара:

Постави коментар